Повторно намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 9:51 AM

Повторно намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското и Преспанското Езеро денеска повторно е намален за по еден сантиметар. Ова, како што покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), е второ намалување на нивото на езерата за еден сантиметар во текот за неделава.

Водостојот на двете езера е понизок од просекот за јули и тоа за 19 сантиметри кај Охридското и за 1,17 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е константно и е за 2,66 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Намалување на водостојот во однос на вчера бележат и речиси сите реки во земјава.