Време: Од денес до петок изгор-лето, до +40 – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 6:09 AM

Време: Од денес до петок изгор-лето, до +40

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура до 39 степени. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Под влијание на многу топла воздушна маса и утре и в петок петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок и особено в сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Мал пад на температурите ќе има од сабота.