Разводите не се ретка појава, но причините кои доведуват до нив понекогаш се и повеќе од чудни. Неколку адвокати за развод за Buzz Feed откриле кои се најчудните причини кои нивните клиенти ги навеле во текот на разводот.
Дамки
Еден клиент поднесе барање за развод бидејќи неговата сопруга не ги чистела дамките во веце школката.
Турски принц
Наш клиент бараше развод бидејќи неговата сопруга добила лажна електронска порака, со која некој тврдел дека е турски принц. Таа одлучила да му даде околу 45 илјади долари и да се пресели во Турција. На својот сопруг му кажала дека ќе се врати ако во новиот брак „не им оди“.
Со мајка на меден месец
Една жена барала развод, бидејќи сопругот инсистирал на нивниот меден месец да дојде и неговата мајка. Причината? Неговата мајка се уште го доела.
Премногу згоден
Една моја колешка се мажеше седум пати. Од еден од сопрузите се разведе бидејќи сметаше дека е премногу згоден и дека не може да му се верува дека не ја изневерува.
Озборување
Една пријателка се разведе од сопругот откако ги прочитала неговите пораки во кои со пријателите ги озборувал нејзините кучиња.
Кафе
Еден од моите клиенти поднесе барање за развод бидејќи неговата сопруга секое утро го прашувала какво кафе сака. Секое утро во текот на седум години.
Премногу тоалетна хартија
Сопругата на мојот шеф се разведе од него бидејќи наводно потрошил премногу тоалетна хартија. Таа беше многу штедлива и наводно дури го прислушкувала пред вратата додека бил во тоалет, за да знае клку потрошил.
Начин на јадење
Мојата сосетка се разведе од сопругот бидејќи мљацкал додека јадел, а сркал додека пиел кафе и јадел супа.
Извор: avaz.ba