AA: Во полиција повикан и предупреден со апсење градоначалникот на Боговиње – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 5:41 PM

AA: Во полиција повикан и предупреден со апсење градоначалникот на Боговиње

Алијанса за Акбанците укажува на ревенашизам од ДУИ поради лошиот изборен резултат во Општина Боговиње, поради што како што стои во реакцијата до јавноста,  преку полицијата и МВР, каде министерот е од редовдите на ДУИ, се закануваат со стопирање работите на проектот за вода за пиење во селото Синичани, во оваа општина.

-Денеска во полициската станица беше повикан на разговор градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, каде беше предупреден со закани за итно прекинување на работите за водоснабдување на Синичани. Напротив, ако работите не бидат стопирани, Албон Џемаили ќе биде уапсен.Работите за проектот за водоснабдување се преземени во согласност со сите законски процедури, затоа ваквото однесување на полицијата не може да се смета за ништо друго освен одмазда на ДУИ кои го користат техничкиот министер од редовите на ДУИ Агим Нухиу како инструмент за одредени цели, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од оваа партија оценуваат дека ваквото однесување,  им штети на жителите на Синичани ипоради што бараат интервенција на надлежните органи со цел случајот да се расветли и работата да продолжи без закани од полицијата.

Од АА потсетуваат дека истото се случи во Арачиново, каде МВР изврши контрола во куќата на семејството Небиу, како знак на одмазда за нивната загуба.

-Овие закани и притисоци за жал доаѓаат веднаш по назначувањето на Агим Нухиу за министер за внатрешни работи. Ова уште еднаш ја докажува злоупотребата на власта за партиски цели од страна на функционерите на ДУИ.Го прашуваме министерот кој е следен да биде загрозен? Куманово, Врапчиште или Гостивар и Тетово?Апелираме до албанскиот министер на „МИЛИЦИЈАТА“ на ДУИ; подалеку од Албанците!, стои во реакцијата од Алијанса за Албанците.