Клоп го будел Ферги во 3:30 по полноќ, после освојувањето на титулата во ПЛ – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 3:52 PM

Клоп го будел Ферги во 3:30 по полноќ, после освојувањето на титулата во ПЛ

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед и веројатно најдобриот во историјата на играта, Сир Алекс Фергусон, раскажа интересна приказна од неодамна кога Ливерпул беше крунисан како шампион на Англија.

Менаџерот на лутиот ривал на Манчестер Јунајтед, Јурген Клоп, вечерта по потврдувањето на првата титула на Ливерпул по три децении, му се јавил телефонски на Фергусон да му се „пофали“, неможејќи да ги сокрие емоциите.

-Јурген е фантастичен. Зборувавме за тоа како Лидс помина 16 години во Чемпиошип, а Ливерпул 30 години откако последне пат ја освои титулата во Премиер Лигата. Она што го покажа Ливерул во сезоната беше навистина неверојатно, изјави Ферги за „Скај Спортс“.

Во 2019/20 Ливерпул собра 99 поени и оствари предност од 18 поени пред второпласираниот Манчестер Сити.

-Твојата личност и харизма се дел од клубот. Ќе ти простам што ме разбуди во 3:30 за да ми кажеш дека ја освои лигата. Ти благодарам, но како и да е, заслужено. Секоја чест, се пошегува Фергусон.

Црвените од „Енфилд“ победнички ја завршија кампањата во Премиер Лигата, победувајќи го Њукасл со 1:3 на „Сент Џејмс Парк“.