Бочели наиде на жестоки критики за мислење за мерките за заштита, па кажа дека бил погрешно разбран – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 2:38 PM

Бочели наиде на жестоки критики за мислење за мерките за заштита, па кажа дека бил погрешно разбран

Славниот тенор наиде на удар на критики на италјанската јавност, затоа што сподели мислење за мерките за заштита во таа земја за време на епидемијата на коронавирусот.

Тенорот Андреа Бочели, кој го остави светот без здив кога пееше во празната миланска катедрала, присуствуваше на настан организиран во Италјанскиот Сенат „ Ковид 19 во Италија: Помеѓу информациите, науката и правата на граѓаните“.

Бочели на настанот изјави дека за време на карантинот се чувствувал „ понижено и навредено како граѓанин кога му било забрането да излезе од дома “ . Тој призна дека во неколку случаи свесно ги прекршил правилата затоа што мислел дека „ не е исправо, ниту здраво да остане дома“.

– Имам доста години, потребно ми е сонце и витамин Д, рече Бочели и додаде дека од почетокот се сомнева во оваа епидемија, и да познавајќи многу луѓе никогаш не запознал некој кој завршил на интензивна нега и дека не му е јасно зошто ситуацијата се води како многу тешка.

После ваквата изјава, на социјалните медиуми а и по медиумите, Бочели наиде на жестоки критики, а од италијанските граѓани му беа упатени тешки обвинувања. После ваквите реагирања тенорот се произнесе повторно

„ Се случуваат чудни рабори во оваа земја. Повикан сум да дадам свое сведочење во Сенатот, и јас тоа го направив, и интересно ми е да некој после тоа ме нарече, некој што ја негира епидемијата. Баш чудно. Имено, од првиот ден им помагав на оние кои беа болни од вирусот, со мојата фондација собиравле се што беше потребно во кризава.Можно е да ме разбраа погрешно. Кога се одигра Купот во Наполи и сите беа нафрлени на навивачите кои беа рамо до рамо на улиците, всушност ништо не се случи, епидемијата не се врати. Јас едноставно сум оптимист по природа и сакам и се надевам дека ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот“ , изјави Бочели

 

Извор : rts.rs