Поставувањето на соларни панели предизвика пожар во куќа во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/20 1:30 PM

Поставувањето на соларни панели предизвика пожар во куќа во Штип

Целосно изгоре покривот на куќа во штипската населба Леваци, при поставување на соларни панели. Според информациите, пожарот веројатно го предизвикале искрите во допир со изолациониот материјал на покривот при поставување на соларот. Уништен е целиот покрив, а од водата при гаснењето, оштетна е и внатрешноста на катот.

СВР Штип соопшти дека  вчера (27.07.2020) околу 15.30 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Штип, при поставување на панели за соларна енергија на покрив од куќа сопственост на И.М., настанал пожар, при што целосно бил опожарен покривот на куќата.

Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.