Двајца пријатели во 1992 година склопиле несекојдневен „пакт“ – ако некој од двајцата некогаш има добивка на лотарија да ја поделат рамноправно.
Поминаа 28 години и среќата му се насмевна на Том. Се присетил на договорот од пред три децении. Џо бил шокиран кога му се јавил пријателот и прво му рекол – „22 милиона долара“. Тоа била сумата што ја добил на американската лотарија и, збор си е збор, ќе ја подели со пријателот, пренесува „Телеграф“.
Сепак, нема да поделат точно по 11 долари зашто пријателите се договориле да ја прифатат кеш-понудата, а не на рати, од 16,7 милиони, а и по одбивањето на данокот, ќе поделат „само“ по 5,7 милиони долари.
Џо е во пензија, а наскоро ќе му се придружи и Том. Планираат убаво да ги проживеат семејните денови во пензија, а за тоа и парите сигурно ќе им бидат доволни. Инаку, добитниот тикет чинел само два долара.