Сончево и топло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 37 степени. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.