Стресот влијае негативно на бројни аспекти од животот, па така и на либидото. Кога ќе исчезне страста, со текот на времето бледее и љубовта. Ако сте забележале дека во вашата врска има помалку страст за разлика од порано, можно е самите да сте виновни за тоа, односно некои ваши лоши навики. Едно истражување покажало дека умрот и стресот се главни виновници за намалување на сексуалната желба дури кај 60 проценти од жените, а истата причина се споменува и за намалената сексуална желба кај мажите.
Ова се можните начини на кои ја убивате страста во врската:
Лоша исхрана
Ако сте на диета, можно е да не јадете доволно, а тоа води кон намален сексуален нагон. Ова е и логично, бидејќи со намалениот внес на калории телото има намалена енергија, која можеби нема да сакате да ја трошите во спалната соба.
Ненаспанот
Ако спиете помалку од шест часа дневно, веројатно често сте поспани, поради што и немате желба за секс. Доволниот број на часови поминати во спиење влијаат на либидото, бидејќи тоа влијае на хормоните, што секако ја намалува желбата за секс.
Таблети за контрацепција
Бројни истражувања за контрацептивните таблети покажале дека тие кај жените драстично може да ја намалат сексуалната желба.
Депресија
Депресијата исто како и стресот, може значително да влијае на либидото. Докажано е дека токму антидепресивите се одговорни за сексуалната дисфункционалност кај мажите.
Извор: index.hr