Пет совети за тоа како да ја зголемите еротската енергија – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 8:54 PM

Пет совети за тоа како да ја зголемите еротската енергија

Дали го сметате сексот за „подрачје“ во кое чувствувате слобода и волја за да целосно се изразите? Ако одговоривте со „не“ на ова прашање, знајте дека не сте сами во тоа. Имено, сексот е еден од најчистите изрази на интимност, но сепак постои длабок јаз помеѓу она за што многу луѓе копнеат во сексот и она што всушност го доживуваат во секојдневниот живот. Тој јаз носи разочараност, лутина и други непријатни емоции. Во продолежние, прочитајте неколку совети за тоа како да го оживеете искуството на интимност во спалната соба. Кога ќе воспоставите контакт со своите очекувања и очекувањата на партнерот, ќе го претворите сексот во уметност.

Препознајте ја важноста на негување пријателство во партнерот

Многу луѓе што сакаат да се чувствуваат длабоко поврзани во текот на сексот, се склони кон претераното фокусирање на техниката, односно на деталите на самиот сексуален чин. Но во реалноста, квалитетот на вашиот однос со партнерот е далеку поважен за чувството на интимност во спалната соба. Емоционалната поврзаност, взаемната доверба и чувството на сигурност во односот може да се сметаат како основа за исполнување на сексуалните желби. Интимноста исто така бара прифаќање, разбирање, но и физичка привлечност. Тоа е она чувство што се создава кога сме дома со некој по кој копнееме, што сексот дополнително го прави уште поубав. Еден од најпотценетите начини за зголемување на довербата и премостување на стравот кој лошо влијае на интимноста, е да се работи на пријателството со партнерот. Кога вашиот однос подразбира споделување и истражување без страв од осуда, вашата способност да понудите повеќе и да се предадете без воздржување, се зголемува.

Поврзете се длабоко со своето тело

Секојдневните стресови не’ спречуваат во тоа континуирано и квалитетно да се грижиме за себе. Резултатот од тоа е минимално посветено време на прифаќање и уживање во своето тело. За жал, стресот се одразува и врз сексуалниот живот. Ако не создадеме пријатен и интимен однос со самите себе, речиси ќе биде невозможно да се создаде ваков однос со друга личност. Кога ќе создадеме простор за истражување и љубов кон своето тело, подобро го изразуваме она што го сакаме, што не’ исполнува и она по што копнееме.

Комуницирајте гласно

Една од најчестите причини поради кои сексот се претвора во рутина е недостатокот на комуникација. Многу е важно тоа да го имате на ум и во спалната соба, но и надвор од неа. Можеби ви се чини дека претерувате ако посакате да ја изразите својата лутина кон партнерот, или разочараноста што сте ја почувствувале од некоја негова постапка, но доколку во тие моменти ја поттиснете својата болка таа нема да исчезне, туку ќе се појави во друг облик. Што повеќе го скратувате времето помеѓу чувството на повреденост и соопштувањето на тоа, толку помали ќе бидат шансите да бидете огорчени. Помалата огорченост и другите негативности значат и поголема волја за примање и давање на сите полиња, па и на сексуалното.

Убијте ја монотонијата

Многу парови со текот на времето паѓаат во замката на сексуалната монотонија. Не изненадува тоа што оваа монотонија често коегзистира со чувството на сигурност, кое во односот со партнерот е многу добра работа. Сепак, проширувањето на опсегот на експресивноста може да значи подлабока поврзаност меѓу две човечки битија и често бара излегување од комфор зоната. Тоа во спалната соба може да добие облик на поголема сензуалност и отвореност во однос на сексуалните желби. Доколку без срам ги истражувате своите сексуални фантазии и целосно им се предадете, ќе можете да доживеете ново искуство, а со тоа и да почувствувате нешто што никогаш порано не сте го почувствувале.

Не правете си притисок самите на себе

Разединетоста која се јавува во текот на интимниот однос може да се припише на намерата да се постигне одредена цел, но тоа само ќе ве оддалечи од убавината на тековниот момент. Доколку не чувствувате притисок за да постигнете одредена цел, колку подлабоко би можеле да му се предадете на партнерот и да уживате? Кога го користиме сексот за изразување љубов, тогаш ја отвораме вратата за ново духовно доживувње. Многу луѓе ја користат интимноста за да се ослободат од напнатоста и да доживеат уживање, но ретки се оние кои се храбри да влезат вистински во нечие срце. А оние кои се храбри тоа да го направат, се многу поисполнети во животот.

 

Извор: lovesensa.rs