Десното крило на Валенсија поблиску до Манчестер Сити – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 7:01 PM

Десното крило на Валенсија поблиску до Манчестер Сити

По заминувањето на Лерој Сане во Баерн Минхен, Пеп Гвардиола е во потрага по нов играч во нападот што ќе го надокнади неговото отсуство.

Потрагата Гвардиола го носи во Шпанија, поточно на „Местаља“, кај младото шпанско крило, Феран Торес. Торес се смета за еден од најталентираните играчи во својата генерација и покрај интересот од Сити, го привлече вниманието и од останатите тимови од европскиот крем.

Според „Goal“, дваесетгодишниот Торес, чиј договор истекува за 12 месеци, ги договорил персоналните услови со екипата од Манчестер и сега преостанува само двете страни да се договорат за обесштетувањето.

Договор засега нема, но очекувањата се дека цената за Феран Торес ќе изнесува 27 милиони фунти, односно 35 милиони евра, со потенцијални бонуси.

Освен Феран Торес, екипата од „Етихад“ претстојниов трансфер период повторно се очекува да биде активна, а посебен акцент ќе се стави на дефанзивата и позицијата шпиц.