Најмалку пет турски војници загинаа денес, кога автобус со кој се превезувале се преврте во јужната турска област Мерсин, јавува агенцијата Анадолија.
Од Кабинетот на гувернерот на Мерсин соопштено е дека автобусот со турски војници се превртел на локацијата Сертавул, на патниот правец Мут-Караман.
На местото на несреќата испратени се екипи на брзата медицинска помош и пожарникари.
Возачот на автобусот е прогласен за мртов на местото на несреќата, а десет лица се повредени и се однесени во локалната болница во Мут.