Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 9:57 AM

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

По еден сантиметар е намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Покрај тоа, водостојот на Охридското и Преспанското Езеро е понизок од просекот за јули и тоа за 18 сантиметри кај Охридското и за 1,16 метри кај Преспанското, а кај Дојранското Езеро е за 2,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Намалување на нивото или останување на истото бележат и речиси сите реки во земјава со исклучок на Вардар на мерното место кај Јегуновце каде има благо зголемување на водостојот во однос на вчера.