Пациентите со дијабетис да бидат 12 пати повнимателни на корона, предупредуваат лекарите – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 9:51 AM

Пациентите со дијабетис да бидат 12 пати повнимателни на корона, предупредуваат лекарите

Според истражувањата на научниците од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, дијабетис мелитус може за 12 пати да го зголеми ризикот од смрт на лица кои имаат  Ковид-19, пишува порталот „Медиакс експрес“.

Експертите откриле дека пациентите со коронавирус кои страдаат од дијабетис имаат шест пати поголема веројатност да имаат потреба од хоспитализација. Покрај тоа, самиот дијабетес е фактор на ризик за потешки форми на Ковид- 19.

Професорот Пракаш Дидванија од Универзитетот во Калифорнија потсетува дека дијабетисот ја намалува одбрамбената имунолошка функција на организмот и дека поради оваа болест, можни се бројни компликации, вклучително и заболувања на бубрезите, мозочен удар и инфаркт на миокардот.

Научниците апелираат лицата со висок шеќер во крвта да бидат во постојан контакт со лекарите.

На 11 март, Светската здравствена организација епидемијата на нов вирус корона, Ковид- 19, ја објави за пандемија. Според најновите податоци, до денес се заразени над 16,4 милиони луѓе во светот, од кои повеќе од 652 илјади умреле.

Извор: sputniknews.com