Од шумски пожари минатата година биле зафатени 10.661 хектар што е речиси десет пати повеќе од опожарените површини пред една деценија, а пошумени биле само 965 хектари.
Според анализата на Државниот завод за статистика сублимирана во најновата публикација „Северна Македонија во бројки”, намален е и бројот на вработени во секторот шумарство.
Во 2009 година биле евидентрани шумски пожари на 1.030 хектари, додека во 2014-та на 1.150 хектари. Пошумување, пак, (во шума и надвор од шума) е спроведено на 3.973 хекатри во 2009 година и на 1.064 хектари во 2014 година.
Исечената бруто дрвна маса изнесувала 906.000 метри кубни во 2009 година, 655.000 во 2014-та и 759.000 метри кубни во 2019 година.
Статистиката покажува дека во секторот шумарство лани работеле 2.220 лица, пред во 2014 година 2.376, а во 2009 година 2.504.
Доминантни во земјава засега се листопадните шуми, а најмалку има иглолисни.
МИА