Ако нагло ви скокне температурата не значи дека имате корона, тврди руски лекар – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/20 10:53 AM

Ако нагло ви скокне температурата не значи дека имате корона, тврди руски лекар

Болеста Ковид-19 кај луѓето, како по правило, не започнува со нагло зголемување на температурата, изјави доктор за медицински науки Андреј Тјашејиков за радио „Говори Москва“. Според него, ненадејниот скок на температурата е една од основните карактеристики на обичниот грип.

„Ако видите дека температурата ви скокнала нагло до 40 степени и ги имате сите други симптоми, како што е слабоста, тоа е најверојатно грипот“, смета рускиот лекар.

Со коронавирус, најчести симптоми се губење на чувството за вкус и мирис.  Специјалистот забележал дека инфекција со коронавирус може да се појави кај луѓе на сосема различни начини.

„Оваа болест не е целосно проучена. Видовме апсолутно асимптоматски пациенти чии бели дробови се сериозно оштетени, а видовме и луѓе кои биле сериозно болни без пневмонија“, рече тој.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко им препорача на граѓаните наесен да се вакцинираат против грипот, за да „поминат помирно во наредниот период“.

Извор: sputniknews.com/