Министерството за земјоделство на Јута во средата соопшти дека ќе ја започне истрагата, откако десетици жители добиле пакувања од Кина кои содржат чудни, непознати семиња. Оттогаш, жителите на најмалку пет други држави пријавиле слични испораки.
Жителите на Вирџинија, Вашингтон, Аризона, Индијана, Луизијана и Тексас објавија дека добиле мали пакувања од Кина кои содржат мистериозно семе, а властите ги предупредувале жителите да не го садат и да ги пријавуваат испораките во Министерството за земјоделство на САД.
Се смета дека пакетчињата имаат една заедничка карактеристика што ги дефинира – тие се неправилно обележани како накит.
Public Asked To Report Receipt of any Unsolicited Packages of Seeds. Learn more: https://t.co/RY9u4nR1QK pic.twitter.com/ZzNaO2ZaYz
— VDACS (@VaAgriculture) July 24, 2020
Властите во Вирџинија предупредуваат дека семето може да припаѓа на инвазивен растителен вид за кој велат дека може да ја уништи животната средина и локалните видови на растенија и инсекти и да им ги опустоши посевите. Државниот отсек за земјоделство и услуги на потрошувачите ги повика сите кои примаат несакани семиња да се јават во Канцеларијата за растителни услуги. Министерството за земјоделство во Вашингтон издаде слично предупредување во кое се вели дека „несаканите семиња би можеле да бидат инвазивни“ и како такво може „да заразат локални растенија и да им го отруе добитокот“.
Извештаите за мистериозното семе во Америка следуваа по минатонеделните извештаи од Велика Британија, каде пристигнале и пакетчиња со семе од Кина, кои биле неправилно обележани како накит и други работи.
https://twitter.com/cottonfarmgirl/status/1286828039687479296
Извор: sputniknews.com