Секојдневното брзање и канцеларискиот начин на живот оставаат трајни последици на нас. Некогаш навистина претеруваме со работата, што е исклучително себично кон нашето тело и здравиот разум. Прочитајте ги следниве показатели кои укажуваат на тоа дека сте изложени на голем стрес и дека мора да го забавите вашето животно темпо…
1. Зголемен умор
Нормално е тоа што вашата работа и обврски ве исцрпуваат, но сè си има свои граници. Ако се чувствувате толку уморно што немате сила ни да се преслечете кога ќе дојдете дома, размислете дали тоа што го правите вреди за вашето психичко и физичко здравје. Одговорот е секогаш негативен.
2. Болки во грбот
Седењето многу често предизвикува болки во долниот дел од грбот, но стресот и нервирањето предизвикува болки и во горниот и во средниот дел. Обидете се да ги опуштите мускулите со длабоко дишење и направете бања со етерични масла за релаксација.
3. Проблеми со спиењето
Ова е проблем што се јавува како последица на уморот, а се случува најчесто затоа што не можете да престанете да размислувате за вашата работа и проблемите што сè уште не сте ги решиле. За да не посегнувате по лекови, посипете неколку капки етерично масло од лаванда на перницата и тоа би требало да ве опушти и заспие.
4. Раздразливост
Симптомот раздразливост се јавува поради претераното размислување кое секогаш повлекува песимистички мисли. Поради нив, почнувате да ги гледате сите ситуации на негативен начин. Обидете се да ја гледате позитивната страна на нештата и дајте си малку оддишка, па наградете се за сето добро што сте го направиле во текот на неделата.
5. Мигрени
Овој интензивен облик на главоболка се јавува поради недостиг на сон и премногу обврски. Исто така, еден од причинителите на мигрена е недостатокот на хидратација. Ако ви се јави мигрена, земете слободен ден и спијте во затемнета соба. Не заборавајте да пиете доволно вода во текот на денот.
Преземено од: Убавина и Здравје