Споменик на Ленин во Украина облечен во бугарска народна носија – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/20 8:33 AM

Споменик на Ленин во Украина облечен во бугарска народна носија

Стана модерно статуите и спомениците ширум светот да се уриваат и уништуваат, а едно украинско село пронајде креативен пристап за историското наследство. Споменикот на Ленин во местото Залјинзнични, кај Одеса, е променет така што ги отсликува основачите на селото, етничките Бугари кои дошле во 19. век, пишува ББС.

Ленин сега е облечен во традиционална бугарска облека, кај нозете држи ножици за калемење винова лоза, а има и вреќичка за грозаје. Селаните објаснуваат дека таквата преобразба е покреативна, полесна и поевтина од уривањето.