Емпатите се луѓе што ја препознаваат вистината. Тие лесно може да ги препознаат туѓите мисли и цели, независно од тоа на кој начин ги презентирате. Тоа е она што емпатите дефинитивно ги прави поразлични од другите луѓе. Освен тоа, тие се и најдарежливи. Тие не само што може да ги почувствуваат туѓите емоции, туку имаат и позитивно влијание на оние од нивното опкружување. Емпатите може да му бидат од помош на некого кој сака да постигне преобразба во својот живот.
Ако во животот сте сретнале некој кој вистински негува емпатија, сигурно знаете дека таа личност е невозможно да ја излажете. Емпатите го доживуваат светот околу себе целосно поразлично од останатите и затоа може да го видат она за што обичните луѓе не се способни. Вистината може да биде сокриена под многу слоеви, но емпатите на крајот лесно ќе дојдат до неа. Понекогаш овие луѓе се преправаат дека веруваат во лагата, но тоа не значи дека не можат да го забележат она што е длабоко сокриено во човековата душа. Тие често играат психолошки игри со неискрените личности, се’ додека не им ги тргнат маските.
Но емпатите исто така, им дозволуваат на луѓето да лажат за да се чувствуваат подобро, само што ова се случува до одредена градница и додека неискрените не почнат да ги загрозуваат другите со лагите.
Фигуративно кажано, емпатите се подесени на фреквенцијата на вистината, па како такви тие многу подлабоко го разбираат она што се случува околу нив. Независно колку се љубезни и добронамерни, тие нема да и’ дозволат на невистината да влијае на животот на другите.
Емпатите претставуваат природни исцелители. Тие може да ја излечат душата од лаги и токсични емоции, помагајќи ви да станете поплеменити и подобри. Тие не се откажуваат лесно од намерата да им помогнат на другите луѓе да се променат на подобро, но доколку ги излажете повеќе пати едноставно ќе си заминат. Емпатите не се откажуваат лесно и сакаат светот да го направат подобро место, но постојат и такви што би сакале да ја искористат нивната добронамерност.
Не заборавајте, емпатите никогаш нема да ви кажат во лице нешто што не е вистина. Тие ќе направат се’ за да застанат зад она што го кажуваат, а вие ќе треба да ја прифатите убавината на нивната искреност.
Извор: lovesensa.rs