Зачестија случаевите на семејно насилство во Штип. Најчесто жртви се жени од најразлична возраст.Последната жртва е 36 годишна жена.
Насилството се случило денес во раните утрински часови а случајот жената во полиција го пријавила во 03.05 часот
„36 годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг М.Ц.(42) од Штип,“ пишува во Полицискиот билтен.
М.Ц бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.