Талат Џафери примен на Инфективна, од ДУИ велат дека е негативен на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 12:35 PM

Талат Џафери примен на Инфективна, од ДУИ велат дека е негативен на коронавирус

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска бил примен на Инфективната клиника во Скопје, пренесува „360 степени“.

За нив оваа информација ја потврдиле и од неговата матична партија ДУИ, од каде велат дека тој не е позитивен на коронавирусот туку бил примен поради системска контрола.

Според извори на „360 степени“, Џафери иако бил негативен имал повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот.

Џафери е во стабилна состојба, но има пневмонија.