Ги избегнаа корона-бариерите: Швеѓанец и Норвежанка си кажаа „да“ во шума на граничната линија – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 11:22 AM

Ги избегнаа корона-бариерите: Швеѓанец и Норвежанка си кажаа „да“ во шума на граничната линија

Камила Ојорд од Норвешка и Александер Клерн од Шведска го кажаа субоносното „да“ на церемонија одржана во шума на самата гранична линија меѓу двете земји, раздвоени само со бела врвца. Секој физички се наоѓаше во својата земја, придржувајќи се на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Двојката за ББС рече дека не можеле повеќе да чекаат одлуки за укинувања на ограничувања. Бидејќи Шведска имаше многу поопуштен пристап во борбата со коронаирусот во однос на останатите земји, соседите, како Норвешка, не ја ставија во листата на земји каде што смее да се патува. Поради тоа, двојката одлучи прстените да ги смени во шума на самата гранична во регионот Холебек.

Помеѓу малкуте гости на цереминијата биле и двајца полицајци, кои воделе сметка некој да не ја премине границата, пренесува ХИНА.

„Полицајците дури љубезно не’ прашаа дали може да присуствуваат на церемонијата. Секако, се согласивме“, велат младенците.