Јавна седница во Управниот суд за тужбите од ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 6:41 AM

Јавна седница во Управниот суд за тужбите од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд денеска на јавна седница треба да ги разгледа поднесените тужби од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Обнова за Македонија за парламентраните избори одржани на 15 јули.

Во Управен суд е закажана јавна усна расправа и по поднесената тужба од Единствена Македонија и Коалицијата Никогаш Северна – Само Македонија и од партијата Демократи

Во изминатите денови Управен суд, ги одби сите 176 тужби поднесени од Левица, Алијанса за Албанците – Алтернатива и МОРО – Работничка партија.

МИА