Време: Денес и за викендот врнежливи попладниња, од понеделник сончево и потопло – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/20 5:54 AM

Време: Денес и за викендот врнежливи попладниња, од понеделник сончево и потопло

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од земјата ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 37 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува сончево време со пораст на температурите.