Како да си ги заштитиме очите од корона вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 10:39 PM

Како да си ги заштитиме очите од корона вирусот

Веќе се знае дека вирусот сепренесува главно преку капки во воздухот кога луѓето киваат, кашлаат или издишуваат. Што значи дека вирусот може да влезе во нашето тело преку устата, носот и очите.

Според најновите информации на Американската академија за офталмолози, коронавирусот може да предизвика конјунктивитис. Постојат неколку едноставни начини да не ги изложувате очите а како резултат на тоа и целото тело е изложено на ризик од инфекција.

Како прво, механичка заштита. Кога излегувате, подобро е да носите очила. Исто така е важно да си ги контролирате движењата: не ги допирајте очите со валкани раце, дури и ако многу ве чеша или ако се удрите.

Офталмолозите препорачуваат и медицинска заштита: капки за очи.

Прво: тие се во состојба да ги отстранат честичките од вирусот и да создадат заштитна фолија на окото.

Второ: Солзите не дозволуваат окото да се исуши, што го намалува чешањето и го зајакнува локалниот имунитет.

Трето: капките имаат антиинфламаторно и лековито дејство, што е многу важно во борбата против инфекцијата.

Не земајте капки за очи на своја рака. Консултирајте се прво со лекар…

Извор: здраве.то