Какви ти се мислите, толку долго и ќе живееш: Што го скратува животниот век? – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 10:12 PM

Какви ти се мислите, толку долго и ќе живееш: Што го скратува животниот век?

Постојат многу различни техники и теории за долговечноста, а експертите истакнуваа дека како физичката, така и менталната активност, имаат големо влијание на животниот век.  Резултатите од неодамнешната студија на Медицинскиот факултет при Харвард укажуваат дека долговечноста е тесно поврзана со мозочната активност. Авторите на студијата откриле дека прекумерната нервна активност е тесно поврзана со животниот век. Преголемиот број обврски и информации од различни извори, без време за одмор или пауза, може да го преоптеретат мозокот. Тоа пак ги забрзува промените поврзани со староста и процесот на размислување. Научниците исто така, откриле директна врска меѓу долговечноста и одмерената функција на мозокот – кога една личност не го оптеретува премногу својот мозок, ќе живее подолго.

Секако, полесно е нешто да се каже, отколку да се направи. Во ова дигитализирано секојдневие прекумерната активност на мозокот веќе е како норма. Луѓето од сите старосни групи  имаат многу задачи, постојано трагаат по следниот поттик, независно дали е во прашање некоја телевизиска емисија или известување на телефонот.

Желбата за поврзаност со светот е застапена кај сите возрасни групи. Преголемиот број задачи и информации го спречува мозокот да се фокусира.

Научниците исто така, во своето истражување ги проучувале мозоците на стотина веќе починати луѓе над 60 години, кои претходно биле „когнитивно здрави“. Споредувајќи го генетскиот материјал на овие луѓе на различна возраст, научниците дошле до неверојатно откритие: луѓето кои починале во старосната граница од 85 до 100 години имале помала генска експресија поврзана со прекумерната активност на невроните за разлика од оние кои починале децении порано.

 

Извор: lovesensa.rs