Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот Сашо Тасевски, денеска имаше работен состанок во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” со претседателот на полицискиот президиум на Чешката Република, Јан Швејдар и со чешкиот амбасадор во земјава Мирослав Томан, информираат од МВР.
На работниот состанок е изразена благодарност за поддршката од Чешка, особено од чешкото Министерство за внатрешни работи и полицијата, како и за присуството на чешките полициски службеници на јужната граница, кои учествуваат во заеднички операции за зголемен надзор.
Исто така на овој работнен состанок се разговарало и за состојбата со илегалната миграција, бројот на успешно откриените случаи на криумчарење мигранти и откриени мигранти, како на самата граница, така и во нашата држава. На состанокот е потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката и во останатите области од заеднички интерес.