Проштална средба на министерот Чулев со британската амбасадорка Рејчел Галовеј – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 4:52 PM

Проштална средба на министерот Чулев со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Во фокус на работниот состанок беа вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во државата, како и активностите кои треба да се преземат по нивното завршување.

На средбата Чулев изразил голема благодарност до амбасадорката Галовеј за исклучителната соработка за време на неговиот мандат во извршување на функцијата – министер за внатрешни работи.

Двете страни заеднички се согласија дека во иднина во Министерството за внатрешни работи е потребно продолжување на реформските процеси, како важен сегмент во евроинтегративниот процес на државата.