Германскот суд одлучи дека само чоколадата Ritter смее да биде во квадратен облик – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 4:34 PM

Германскот суд одлучи дека само чоколадата Ritter смее да биде во квадратен облик

Чоколадата Ritter  е единствената која во Германија смее да се продава во карактеристичниот квадратен облик, одлучи германскиот врховен суд, одбивајќи ја тужбата на конкуренцијата.

Судот смета дека обликот на квадрад на чоколадата Ritter Sport  не е само плод на функционалност, туку и на креативен облик.

„ За останатите произведувачи на чоколада не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратен облик “, стои во пресудата.

Со тоа е одбиена тужбата на фирмата Моделез, производител на чоколадата Милка. Со конечната пресуда ставен е крај на десетгодишната правна битка, во која Милка бараше да се одземе ексклузивното право на Ritter  за таков облик на чоколада.

„ Среќни сме што е осигурана заштитата на нашата марка, која ја негуваме веќе со децении“, соопшти компанијата  Alfred Ritter  од Валденбух кај Штутгарт.

„ За нас, квадратниот облик на чоколада ја поседува истата вредност како и виолетовата боја на амбалажата за конкуренцијата“, додаваат од Ritter.

Ritter Sport е основан во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932, кога ко-основачката Клара Ритер одлучила дека чоколадите мора, без да пукнат, да ги собере во секој џеб од сечија јакна.

 

 

 

извор :http://rs.n1info.com/