По министерот за економија, денеска и министерот за образование Адеми позитивен на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 2:13 PM

По министерот за економија, денеска и министерот за образование Адеми позитивен на коронавирус

Министерот за Образование и наука, Арбер Адеми, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

Тој напиша дека по неколку благи симптоми отишол да се тестира и добил позитивен резултат.

https://www.facebook.com/arberademi.1/posts/2729978717245801

Адеми ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите и на тој начин да се заштитат себеси и своите најблиски.

Вчеравечер дека е позитивен на коронавирусот објави и неговиот сопартиец од ДУИ, министерот за економија Крешник Бектеши.