Јапонскиот метод против мрзливост: Доволно е само една минута дневно! – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 1:59 PM

Јапонскиот метод против мрзливост: Доволно е само една минута дневно!

Понекогаш со голема волја почнуваме да го работиме она што сме го замислиле. Пример вежбањето, во теретната три дена недело по неколку часа. Со тоа долго време го запоставуваме вежбањето. Зошто ова се случува? – Затоа што оптеретувањето е големо, затоа што може да ви стане здодевно , а навиката не е се уште развиена.

Метода кајџен или принцип една минута
Постои јапонска метода наречена кајџен, во која е усовршен т.н принцип една минута. Суштината на оваа метода се стои во тоа да се занимавате со конкретни работи точно една минута, секој ден и во исто време.

Една минута – тоа е сосема малку, но дволно и лесно изводливо за секој човек. Мрзливоста нема да стои на вашиот пат. Тие исти работи кои не сте сакале да ги обавувате половина час, измислувајќи изговор и оправдувања, со леснотија ќе ги направите за една минута.

Скокање на јаже, стомачни, вежби за очи, јога, прочитајте книга на странски јазик или било што друго – кога времето е ограничено на една минута, работите не изгледаат тешки за се изведат, а секако тоа ќе ви донесе радост и задоволство. Со правење мали чекори, ќе станете совршени и ќе постигнете одлични резултати.

Ќе ја победите несигурноста, ќе се ослободите од чувството на вина и беспомошност, ќе чувствувате успех и слобода.

Инспирирани од чувството на успех, постепено ќе ја зголемувате едноминутната вежба на петминутна и така понатаму. Со тоа незабележливо ќе стигнете со 30 минутно вежбање.

Напредокот е очигледен
Кајџен техниката настанала во Јапонија. За луѓето од западната култура оваа метода може да изгледа неефикасна, бидејќи на Западот постои засновано верување дека добрите резултати не можат да се постигнат без многу напор. Големите програми, одземаат многу сила и енергија, може да го срушат човекот и да биде без резултат.

Кајџен принципот одговара за сите и може да биде применлив во многу животни сфери.

Јапонците на пример користат стратегија на постепено и постојано унапредување во сферата на менаџментот. Останатото е само според вашите потреби да почнете да ја применувате оваа метода.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/