Израел ќе ја забрани терапијата за „геј преобразба“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 1:48 PM

Израел ќе ја забрани терапијата за „геј преобразба“

Израел е првата држава од Блискиот исток која би ја забранила терапијата за „преобразба“ на хомосексуалците од страна на психолозите, пишува „Би-Би-Си“.

Предлог-законот денеска ја помина првата фаза во парламентот, откако две партии коалиционо и се придружија на опозицијата и гласаа за донесување на законот.

Минатата година тогашниот израелски министер ја поддржа терапијата, предизвикувајќи силни негативни реакции.

Предлог-законот сепак носи опасност од политичка криза со вмешаност на религиозните партии кои не се задоволни од ваквиот чекор и истиот мора да помине уште две читања пред да биде донесен.

Терминот „терапија за преобразба“ се однесува на психотерапија која има за цел да ја промени сексуалната ориентација на личноста или да го потисне нејзиниот родов идентитет.

Израел сепак е земја со најпрогресивни гледишта во однос на ЛГБТ популацијата и покрај големата опресија од страна на конзервативната средина.

ЛГБТ лицата се заштитени со Закон за недискриминација, имаат можност да посвојуваат деца и им е дозволено да служат во армијата од 1993 година.

Израел има рекорден број на пратеници кои јавно се декларираат како хомосексуалци и минатата година таму беше избран првиот ваков министер.