Вооружените сили на територијата на Грција се во состојба на полна готовност, единиците се итно пополнети, а воената морнарица е распоредена во Егејското Море на клучни делови на грчката поморска територија, каде што Турција го најави истражувањето за наоѓалишта на природен гас и нафта, а и веќе испрати 17 бродови и подморници.
Сличен потег направи и Кипар, за деловите од Средоземјето кои му припаѓаат, а на кои Турција, исто така, најави сеизмичко истражување на морското дно.
Грчките медиуми јавуваат дека турскиот истражувачки брод „Орук реис“ и понатаму е вкотвен во турското пристаниште Анталија, веројатно поради силниот ветер, додека е регистрирана интензивна активност на турски воени бродови кај поморската база Аксаз, на југот на Егејот, во близина на градот Мармарис.