Време: Денес сончево, до +37, утре попладне и в сабота дожд – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 5:56 AM

Време: Денес сончево, до +37, утре попладне и в сабота дожд

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Maксималната температура до 37 степени. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.