Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 8:22 PM

Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19

Во обемна меѓународна операција против шверц на пијалоци, храна и потенцијално опасни медицински производи, запленети се 17.000 лажни тестови за вирусот корона, објави денес Интерпол.

Во операцијата што ја спроведоа Интерпол и Европол во 77 земји меѓу декември 2019 и јуни 2020 година, запленети се повеќе од 12.000 тони роба во вредност од 40 милиони долари. Операцијата демонтираше 19 криминални организации и уапси 407 лица. Запленети се и контаминирани млечни производи, месо од незаконски убиени животни и фалсификувани медицински производи.

Во Бугарија е откриен магацин со сирење заразен со бактеријата Ешерихија коли, а 6.500 литри  енергетски пијалок и повеќе од седум тони расипано млеко и сирење се запленети во Јордан. Во Јужна Африка, пратка од Азија, која требало да содржи медицинска заштитна опрема, всушност била пратка морска храна, пренесува Интерпол.

Извор: rtcg.me