Малку познати факти за градите – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 9:07 PM

Малку познати факти за градите

Градите се дел од репродуктивната анатомија и поради тоа секоја жена, но и секој маж, треба да се грижи за нивното здравје. Особено жените треба редовно да прават самопрегледи и ако забележат каква било промена да побараат лекарска помош.

Постојат повеќе интересни факти поврзани со градите, меѓу кои и тоа дека тие може да поттикнат оргазам. Што друго се најде на листата прочитајте во продолжение.

Статистички левата дојка е поголема од десната. Зошто е тоа така, се уште нема конкретна причина, но истражувањата покажале дека 65 проценти од жените имаат помала десна дојка.

Повеќето жени носат погрешка величина на градник. Американското здружение за здравје на дојките утврдило дека 80 проценти од жените носат градник со погрешна величина. Тоа не само што влијае на изгледот, туку може да предизвика и здравствени проблеми како болки во грбот или вратот.

Мајчиното млеко технички не е храна – тоа е ткиво почно со хормони, микроорганизми, биоактивни молекули и протеини.

Дојките се поголеми во текот на менструалниот циклус. Во овој период тие може да ја променат својата величина за цел еден број, а тоа се случува поради тековните хормонални промени.

Дојките во просек тежат околу половина килограм.

Тие просечно растат уште две до четири години откако едно девојче ќе ја добие првата менструација.

 

Извор: zena.rtl.hr