Џерард: Луис Суарез не почитуваше никого на тренинзите во Ливерпул – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 5:28 PM

Џерард: Луис Суарез не почитуваше никого на тренинзите во Ливерпул

Уругвајскиот напаѓач навистина остави силен печат во неговата кариера во сегашниот шампион на Англија и беше една од причините кои ќе му донесеа прв трофеј на Ливерпул во Премиер лигата по 25 години.

Но, колку што Суарез беше „оган“ на теренот од играчки аспект, толку и неговиот карактер излегуваше на површина, а мора да признаеме, неговиот карактер не беше нималку пријатен.

Легендата на Ливерпул и сегашен тренер на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, откри уште една страна на неговиот соиграч, која ни укажува дека Суарез бил „пргав“ и кон своите колеги и тоа не во компетитивен натпревар, туку на тренинзи.

-Многу од напаѓачите кои поминаа низ Ливерпул имаа почитување кон таквите како Џејми Карагер и останатите големи имиња, но тој немаше респект кон никого, но не во негативна смисла. Одеше фронтално на нив, не ги оставаше на мир, користеше лакт, влегуваше во остри дуели. Оттогаш се знаеше дека ќе биде класа фудбалер, изјави Стивен Џерард во емисијата „Match of the day Top 10“ на BBC.

Џерард зборуваше и за тоа колку е среќен што Ливерпул за првпат после 30 години ја освојува премиерлигашката титула и за тоа дека на некој начин чувствува олеснување поради тој факт.

-Првенствено за мене е фантастично тоа што „закопав неколку демони“ од 2014 година и олеснувањето е огромно. Да се биде фан на Ливерпул и екс-играч, не можеш, а да не чувствуваш голема радост после таа 2014 година, додаде Џерард.

Ливерпулци денес од 21:15 на „Енфилд“ го пречекуваат Челзи и по завршувањето на мечот ќе го подигнат долгоочекуваниот трофеј.