ФОТО: Килијан Мбапе е новото лице на „каверот“ на „ФИФА 21“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 4:16 PM

ФОТО: Килијан Мбапе е новото лице на „каверот“ на „ФИФА 21“

Марко Ројс, Вејн Руни, Лео Меси, Роналдињо, Кристијано Роналдо, Тиери Анри, се само дел од големите фудбалски ѕвезди кои се нашле на насловната страна на една од најпопуларните фудбалски електронски игри, „ФИФА“.

Во најновото издание на виртуелната фудбалска бајка за гејмерите, свое место ќе заземе и младиот фудбалер на ПСЖ и освојувач на злато со фрацуската репрезентација, Килијан Мбапе. Мбапе важи во моментов за еден од најдобрите фудбалери во светски рамки, а со само 21 година има освоено многу важни индивидуални и колективни титули.

Погледнете како ќе изгледа „каверот“ на новата „Фифа 21“: