На граѓаните од западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Косово и Црна Гора, ќе им биде дозволено да доаѓаат да работат во Германија, без оглед на нивните квалификации.
Специјалната дозвола, со која се дозволува пристигнување на економски мигранти од земјите на западен Балкан во Германија, според нацрт-одредбата до која дојде германската новинска агенција ДПА, германското Министерство за труд треба да ја продолжи со т.н. Регулативи за Западен Балкан, и ќе важи до 2023 година.
Ова значи дека на граѓаните на споменатите земји од тој дел на Балканот треба да им биде дозволено да патуваат во Германија, без оглед на нивните формални квалификации за работа. Годишно од споменатите земји се очекува доаѓање на по 25.000 луѓе.
Голем број работници од земјите од Западен Балкан, како што велат во круговите на германската влада, се вработени во градежништвото. Засега „нема тренд што би значело намалување на потребата за работна сила“, пренесува Дојче Веле.