Погрешно ме разбравте- Дуа Липа со вади со нов пост за мир и љубов – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 9:06 AM

Погрешно ме разбравте- Дуа Липа со вади со нов пост за мир и љубов

По постот на социјалните мрежи за голема Албанија  англиската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, стана најомразената личност на балканот, па реши да ја објасни ситацијата со нов пост на својот Инстаграм профил. Таа напиша:

“Намерата на мојот претходен пост не беше да предизвикам омраза. Јас сум многу тажна и лута што мојот пост беше погрешно разбран од некои групи и поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што јас силно го отфрлам. Секогаш кога објавувам нешто за Косово, се појавува хаос, дури и кога станува збор за убави работи како храна и музика, и јас се соочувам со силен отпор кон автентичната албанска култура. Сите ние заслужуваме да бидеме горди на нашето потекло, од каде и да потекнуваме. Сакам мојата земја да биде претставена на картите и дека можам гордо да зборувам за моите албански корени и татковина. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да учат и слушаат едни од други. Мир, љубов и почит за сите “, напиша Липа.

https://www.instagram.com/p/CC6fXB_sLz3/?utm_source=ig_embed

Сепак, нејзиниот нов пост не ги увери ниту Србите, ниту, пак, Македонците, чии уметници од вчера со свои постови и возвраќаат. Меѓу другите се појавија постови на Цеца и Карлеуша, а кај нас на близнаците од „Некст тајм“ и Влатко Лозаноски.  Влатко, Стефан и Мартин ја извадија картата на етничка Македонија, пишувајки дека „И ние можеме“.

 

Карлеуша, пак, и напиша:

“Драга Дуа Липа, ние овде во Србија те сакаме. Екстремизмот не е одговор на кој било начин (знаеш дека косовскиот  лидер е во Хаг, се соочува со обвинение за воени злосторства и сл. Може да најдеш лоши луѓе од обете страни). Те молам, користи ги социјални мрежи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово за да бидеш со својот народ) “, напиша таа.

Цеца, пак, за српскиот весник „Ало!“ даде свое видување:

-Не сакам да трошам зборови на незнајка, која не ги познава историските факти. Се што имам да и кажам е: „Малечка, седи имаш единица“.

Се почна во саботата кога Дуа на својот Инстаграм побара од „Епл“ да ги означи границите на  Косово.  Следниот ден таа објави фотографија од знамето, од случајот со дронот, на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград и напиша:

„Домородна – придавка (за староседелците на место), оригинална, а не потомок на мигранти или колонисти“, рече таа со фотографијата, каде знамето ги покажува границите на голема Албанија, со делови од Србија, Црна Гора, Македонија и Грција.