Навиките не се напуштаат, во општина Карбинци секој ден се интервенира по запалени стрништа – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 6:25 PM

Навиките не се напуштаат, во општина Карбинци секој ден се интервенира по запалени стрништа

Големиот пожар што пред неполна година беснееше во атарот над селото Горни Балван, општина Карбинци  и кој се прошири се до општина Пробиштип, по се изгледа не беше добра лекција за жителите од овој крај.


пожар-1 септември 2019

И понатаму  по завршувањето на  жетвата на житариците се палат стрништа, а деновиве штипската ТППЕ понекогаш и по двапати дневно интервенира во гасење на пожари.

,,Со самото палење се загрозуваат и останатите површини кои што се засеани со други култури. Минатата година бевме сведоци на голем пожар кој се прошири се до пробиштипскиот атар. Пожарот  кој се доближи на 300 метри од куќите во селото Горни Балван со часови не можеше да се изгасне а со надчовечки напори се спасуваа бачилата и фармите лоцирани тука“, потсети градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

Насев апелира до жителите да не се палат стрништа , инспекциските служби да бидат поактивни на терен , да ги засилат контролите , а несовесните земјоделци да се санкционираат.

Со апел и од штипската ТППЕ. Од тука велат дека палењето на стрништата создава проблеми не само на пожарникарите, туку во опасност се доведуваат и објекти, овошни и лозови насади, шума и викендици.