Љубовен пасош со Дац и Александар – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 5:12 PM

Љубовен пасош со Дац и Александар

Спојката  на две генерации, две биографии и пред се двајца пријатели со слични музички вкусови, дуото Александар и Дац повторно со нова идеја како би го разбиле сивилото што го наметна пандемијата, впрочем нивните музички соработки станаја препознатливи за време на карантинските денови, внесувајќи ведрина со секое ново дело.

Овој пат нивната замисла е кога границите се затворени сите заедно од регионот и пошироко да бидат музички амбасадори со љубовни ноти без политика, а стартуваат во среда.

„Имаме една убава идеја, да направиме музичка прошетка кај нашите соседи и во поширокиот регион. Да ги отпееме нивните најубави стари љубовни градски песни и сето тоа да го наречеме “ЉУБОВЕН ПАСОШ СО ДАЦ И АЛЕКСАНДАР” , стои во објавата на официјалната Facebook страна на музичкото дуо.
„ Секако во таа плетенка ќе слушнеме и наши убави македонски песни. Стартуваме со првата во среда, кога ќе отпееме љубовна песна од нашите соседи од Бугарија, на задоволство на нашите фанови таму“ , додаваат Александар и Дац.