МТСП: Продолженото породилно отсуство трае се до завршувањето на времените мерки – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 2:25 PM

МТСП: Продолженото породилно отсуство трае се до завршувањето на времените мерки

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

-За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, соопшти МТСП.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, соопшти ФЗОМ.