Турскиот кошаркарски шампион, Анадолу Ефес и следната сезона ќе биде несомнено еден од главните конкуренти за фајнал-форот во Евролигата и освојувањето на трофејот во турското првенство.
Идејата на Турците е првенствено да го зачуваат постоечкиот ростер, кој со сигурност е еден од посилните во европската клупска кошарка, а потоа да се зајакнат со дополнителни аквизиции. Во таа насока, Ефес го продолжи договорот на една година, со можност за продолжување на уште една (популарното 1+1) со хрватскиот кошаркарски репрезентативец, Крунослав Симон.
Триесет и петгодишниот бек-шутер останува уште една сезона на Босфорот, во надеж дека 2020/21 ќе биде сезоната кога екипата на тренерот Атаман конечно ќе ја покори Европа.
Круно Симон го носеше сино-белиот дрес во изминатите три сезони и во 90 настапи стартуваше на 57. Минатата сезона забележа 8,9 поени во просек по натпревар, 3,9 скокови и 2,9 асистенции, помагајќи му на својот тим на направи серија од 24-4, пред да прекине сезоната и подоцна целосно да се укине поради пандемијата на коронавирусот.
Во кариерата, Симон има зад себе осум сезони во Евролигата, играјќи за КК Загреб, Уникаха Малага, Локомотив Кубан Краснодар, Армани Милано.