Турците со балони патролираат и ја надгледуваат сириската граница – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 10:10 AM

Турците со балони патролираат и ја надгледуваат сириската граница

Турција денес започна со спроведување на опсежни операции за набудување на сириската граница со употреба на балони, произведени од турскиот гигант во одбранбената индустрија „Аселан“, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Распоредени во граничните области на Рејханли во јужната турска област Хатај и преку границата, во сириската северозападна покраина Идлиб, „Караѓоз“, со својата монтирана широкоопсежна камера, може да скенира површина од осум квадратни километри.

Седумнаесетметарскиот балон може да работи на надморска височина до 500 метри и е наменет за извршување набљудувачки мисии, за собирање на разузнавачки информации, како и за користње на своите способности за рано предупредување за заштита на воените бази и критичните објекти.