Американски тврдења: Делфини бранеле руска база во Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 9:44 AM

Американски тврдења: Делфини бранеле руска база во Сирија

Кон крајот на 2018 година Русија префрлила истренирани делфини во сириското пристаниште Тартус, пренесува американскиот „Форбс“, повикувајќи се на сателитски снимки.

„Наидов на морски цицачи во водата додека ги прегледував сателистките снимки на Тартус. Тоа е пристаниште каде што Русија ги базира своите подморници што ги има распоредено поради војната во Сирија“, наведува новинар на „Форбс“ и ги приложува координатите каде, според тврдењата, се наоѓаат делфините.

Морските цицачи можат да се користат за противставување на непријателските нуркачи, при обиди за онеспособување бодови во пристаништето, за подигнување предмети од морското дно, како и за подводно извидување.

„Можеби никогаш нема точно да дознаеме што руската флота прави со делфините во Сирија. Беа таму неколку месеци, од септември до декември 2018“, заклучува новинарот.