Што кога зборот „извини“ е упатен на погрешен начин? – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 7:33 PM

Што кога зборот „извини“ е упатен на погрешен начин?

Доколку сте се извиниле некому, но потоа сте го изговориле зборот „ама“,  вашата искреност е доведена во прашање. Треба да имате на ум дека „извини“ и „жал ми е“ е сосема доволно. По ова, не треба да следува ништо повеќе. Најуспешни се оние извинувања кои се кратки, јасни и искрени. Тие во себе треба да содржат потврда за тоа како вашата реакција влијаела на дадената личност, но и план дека она што сте го направиле нема да се повтори во иднина.

Ако на личноста со која сте имале несогласување ѝ објасните зошто сте постапиле така како што сте постапиле, тоа е една работа, но доколку вашето објаснување оди во таа насока да стане изговор за стореното, тоа е сосема нешто друго. На пример, ако некоја личност има забелешка дека не ѝ посветувате доволно внимание додека неодамна поминувала низ тежок период, вие не треба да ги наброите работите кои ве спречиле да ѝ се јавите и да ја прашате како е. Значи, тоа што сте имале состанок или некоја друга испланирана активност, во никој случај нема да биде нешто за кое треба да знае таа личност, бидејќи во спротивно вашето извинување ќе биде залудно.

Совршеното извинување не доаѓа ни прерано, но ни предоцна. Понекогаш на луѓето им треба минута за да сфатат дека згрешиле, а некогаш им се потребни и неколку денови. Ако се извините прерано можеби соговорникот нема да биде подготвен да ви прости. Меѓутоа шансите ќе бидат уште помали доколку изговорите „извини“ предоцна. Што подолго чекате, толку поголем ќе биде впечатокот на личноста дека не ви е гајле за неа.

 

Извор: zenskimagazin.rs