Четири препреки на патот до сексуално задоволство – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 10:48 PM

Четири препреки на патот до сексуално задоволство

Сексот треба да биде удобно, емотивно и исполнително искуство, меѓутоа дел од луѓето не уживаат во ваквата активност толку колку што би сакале. Причините за тоа може да бидат различни, како од физички така и од психички аспект.

Недоволнo предигра

Предиграта честопати е еден од најважните фактори за сексуалното уживање. Напнатоста и исчекувањето ја прават целата приказна повозбудлива. Меѓутоа, можеби ќе ви треба некое време за да се препуштите на задоволството. Ако е потребно, претходно разговарајте со партнерот/партнерката за да може да учествувате во сите „фази“ од сексуалниот однос. Наместо веднаш да преминете на работата, посветете малку повеќе време и на страствената предигра.

Болни односи

Болните односи може да бидат последица на некоја инфекција или вагинална сувост кај жените. Стравот од болка кој се појавува во текот на односот е причина за отсуство на сексуалното задоволство, а како последица на тоа може да умре самата желба за секс. Доколку чувствувате болка при сексуалниот однос посоветувајте се со вашиот лекар за да најдете соодветно решение за проблемот.

Неможност за сексуална возбуда

Отсуството на сексуална возбуда е медицинска состојба која претставува изостанување на реакцијата на сексуалната стимулација. Тоа може да биде последица на одредени физички или психички причини како инфекција, депресија и така натаму. Луѓет што се соочуваат со ова, може да се најдат во ситуација во која нема да уживаат во сексот. Сепак, ова лесно може да се надмине само треба да посетите лекар, исто како и во претходно наведениот случај.

Неможност за постигнување оргазам

Често се зборува за фактот дека некои жени не можат да постигнат оргазам лесно. Една студија покажува дека тешкото постигнување оргазам е најчестиот женски сексуален проблем, па дури може да резултира и со аверзија кон сексот. Пред се’, доколку не можете да постигнете оргазам разговарајте отворено со вашиот партнер на оваа тема, или експериментирајте со разни пози додека не дојдете до посакуваната цел.

 

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr